Ѓошева: Ќе направам преседан и ќе ја прифатам одлуката!
До конечна одлука на судот е изречена времена мерка, што значи стопирање на сите дејствија кои произлегуваат од оспорената одлука, вклучувајќи ја и одлуката за распуштање на изборите на 5 јуни и сите преземени изборни дејствија реши предмалку Уставниот суд на Македонија.
На седницата на Уставниот суд кој се одржува во моментов претседателката на судот, судиката Елена Гошева рече дека ќе направи преседан и ја прифати иницијативата на ДУИ за преиспитување на законитоста на одлуката за распуштање на собранието.
Причина за тоа е вели, состојбата во државата и кризата за која сеуште нема разрешница.
Уставниот суд едногласно ја прифати иницијативата на ДУИ, која ја поднесе пратеникот Талат Џафери, со која се оспорува одлуката како против уставна одлуката за распуштање на Собранието.