Аболицијата треба целосно да падне; Македонија пред изолација ?
Македонија, поточно македонски владини претставници ќе се најдат пред меѓународна изолација доколку власта не ги прифати препораките на ЕУ и САД за целосно укинување на аболицијата.
Сведок пишува дека е подготвена листа на 60 луѓе кои ќе се најдат на црната листа на ЕУ, а таа ќе подразбира и блокирање на сметки на поединци и бизнисмени кои имаат блиски релации со власта.
Дали наредните неколку дена Иванов ќе се одлучи да ја поништи целата аболиција останува да се види. Многумина сметаат дека тоа ќе биде невозможно, затоа што би настанале големи проблеми во внатрепартиските редови на ВМРО ДПМНЕ, особено ако Јанкулоска и Јанакиески останат без аболиција.
Вчера и американскиот претсавник Хој Ји побара безусловно отфрлање на аболицијтаа, а слична поракa упатил и германскиот посредник Johanes Хајндл.
Инаку интенција на европските претставници е санкциите да се остават како последна опција, и тие да се лимитираат само на поединци а не и на државата за да не се случи најмногу да губи народот. Сепак, не ја исклучуваат можноста од губење на препораката.
Во исто време се крчка и техничка или концентрациона Влада, како што веќе објави Фактор, но во таа Влада главен пробелм сега засега е кој ќе го има МВР.
Извор: Фактор