Македонците со најниска просечна плата, доволна ли е за да се истурка месецот?
22.053 денари или 358 евра изнесувала просечната нето плата во март годинава, покажаа последните показатели за март на Статистика. Тоа значи дека споредбено со февруари, просечната нето плата по вработен во март пораснала за 240 денари од 21 813 на 22.053 денари. Најголем раст според податоците на Државниот завод за статистика е забележан во секторите Информации и комуникации (10.7%), Административни и помошни услужни дејности (9.3%) и Рударство и вадење на камен (6.0%). Во март 2016 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Колку се платите во регионот и Европа и каде е Македонија? Во регионот Македонија е меѓу земјите со најниски плати.
Просечната плата во нашата земја е 358 евра (заклучно со последниот податок од Статистика), во Србија 375, БИХ 424, Црна Гора 488, Хрватска 752 и Словенија 1022 евра. Според податоци од 2015 година, во Албанија просечната плата е 357 евра, а во Косово според податоците од 2013 година просечната плата изнесува 364 евра. Овие податоци се од Државните заводи за статистика во земјите од регионот.
Во Европа по региони, платите се разликуваат. Во најповолна позиција се Западна Европа и Скандинавија каде месечните примања се над 2.000 евра. На врвот е Лихтенштајн каде износот е 5.314 евра. Во Швајцарија просекот е 3.994 евра, во Монако 3.436, Норвешка 3.212, Луксембург 3.149 евра.
Во Полска се заработува по 756 евра, Германија 2225, Франција 2.180, Шпанија 1734, Португалија 1001, Италија 1560, Унгарија 560, Литванија 585, Латвија 664, Естонија 903, Романија 457, Бугарија 376, Грција 1069 евра.
Сликата е различна во Источна Европа. Во Украина просечно граѓаните заработуваат 130 евра. Во Азарбејџан платите се 242 евра во просек, Казахстан 257 и Белорусија 272 евра.
Граѓаните кои живеат од плата се посиромашни за разлика од пред пет години
Статистиката покажува дека денес со просечна плата може да се купи помалку во споредба со 2010 година. Според податоците за просечната нето плата во државата, кои секој месец ги објавува Државниот завод за статистика, во декември 2010 година таа изнесувала 21.454 денари. Пет години подоцна или во декември 2015 година просечната плата во државата е на нивото од 22.715 денари. Тоа значи дека за пет години месечната заработувачка на просечниот Македонец пораснала за 1.261 денар или во поразбирлива валута, за 20 евра. Во истиот период (декември 2010 – декември 2015) минималната потрошувачка кошница, која ја пресметува Сојузот на синдикатите на Македонија, се зголемила од 29.199 денари на 32.233 денари односно за точно 3.034 денари или извикуваниот економски успех на владината пропаганда не стигнува до „ушите“ на домашниот буџет на просечниот во поразбирлива валута, за 50 евра. Што значи ова? Доколку во едно четиричлено семејство се вработени и таткото и мајката, при што и двајцата земаат просечна плата, тоа семејство на месечно ниво има 10 евра или околу 600 денари помалку за трошење за разлика од пред пет години. Можеби оваа бројка нема да Ве помести од фотељата ама имајте предвид дека ова се случува во период кога Владата се фали со една од највисоките стапки на економски раст во Европа, која очигледно не го здебелува паричникот во џебот на граѓанинот. Ниту еден децибел од громогласно граѓанин.
Извор: Фактор.мк