Временска прогноза
Објавено на 23 мај, 2016 во 06:07
Денеска ќе се задржи сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност. Максимална температура до 26 степени.
Во вторник и во среда ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи.
Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Потоа во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.