Распит на осомничените во случајот „ТНТ“
Објавено на 23 мај, 2016 во 07:20
Овој случај го отвори СЈО за рушењето на станбено – деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски.
Денеска во Основниот суд Скопје 1 е закажан распит на четворицата осомничени во случајот „ТНТ“, случај кој го отвори СЈО за рушењето на станбено – деловниот објект „Космос“ на Фијат Цаноски.
Осомничените беа на распит во судот на 17 овој месец, но распитот се одложи на барање на одбраната за да го заврши увидот во предметот и доказите.
Мотивот за уривањето на објектот бил „одмазднички“, односно причина било тоа што Цаноски, лидер на ПЕИ, ја напуштил владината коалиција и преминал во коалиција со опозициската СДСМ.
Извор: Плусинфо.мк