Временска прогноза
Објавено на 7 јули, 2016 во 06:54
Денеска претпладне на места се уште ќе има зголемена облачност и ќе почне да дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне до 31 степени.
Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени.