Временска прогноза
Објавено на 25 јули, 2016 во 05:56
Времето денеска претпладне сончево со умерена облачност. Oд пладневните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално врнежите ќе имаат интензивен карактер, а повеќе се очекуваат во западните делови. Не е исклучена и ретка појава на невреме со град. УВ=8. Температура до 35 степени.
Променливо и нестабилно со врнежи од дожд ќе биде и во вторник, особено во првата половина од денот во западните делови, каде се очекува да наврнат над 25л/м2.