Струмичанец загинал во синоќешната сообраќајка кај Малкара
Објавено на 6 септември, 2016 во 11:27
Струмичанецот Н.М. роден 1972 година загинал во синоќешната сообраќајка која се случила на 10 километри од Малкара и околу 40 километри до грчко-турската граница. Тој патувал со туристички автобус во кој се превезувале македонски државјани. Од засега непознати причини, автобусот се судрил со камион, извести денеска МНР.
Останатите 37 патници и возачот З.М. (50) се здобиле со повреди и истите се хоспитализирани во околните болници. Петмина од нив се тешко повредени. Турските медиуми известија дека камионот го управувал 28-годишен турски државјанин кој не е повреден. Во притвор од утринава се однесени двајцата возачи, каде, како што јавуваат турските агенции ќе останат се до завршување на истрагата.
Извор: Плусинфо.мк