Врнежливо и денеска!
Објавено на 7 септември, 2016 во 06:35
Времето денеска ќе биде облачно и свежо со врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во југозападните делови од земјава.
Ќе дува слаб до умерен источен и југоисточен ветер. УВ=3. Температура до 22 степени.
Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи.