Свечена академија и „Бела ноќ“ за Денот на независноста
Објавено на 7 септември, 2016 во 07:06
Во пресрет на државниот празник 8 Септември – Денот на независноста на Македонија, вечер во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија на која ќе се обрати претседателот Ѓорге Иванов.
Свечената академија, по која ќе следува и концерт е централен настан во програмата за одбележување на 25-годишнината од осамостојувањето.
Во чест на утрешниот празник вечер ќе има и манифестација „Бела ноќ“ која на граѓаните ќе им овозможи бесплатен влез во национаните и локалните институции од културата низ Македонија.