Афтер шокови може да има и еден месец по земјотресот
После земјотрес со магнитуда од 5,3 степени нормално е да следи афтершокова активност на послаби земјотреси која трае од два дена до повеќе од 10 дена, вели Драгана Чунихин од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
– Последниот земјотрес со јачина како оној вчера во 15.10 часот со магнитуда 4,8 сме го имале во 1921 година. Искуството покажува дека во скопскиот регион земјотреси до магнитуда четири се случуваат на десетина години, оние со магнитуда 5 на стотина години, додека пак тие со магнитуда шест на 500 години – вели Чунихин.
Таа повторува дека не може да се каже дали постои опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес силен како оној вчера или посилен.
– Постои веројатност од 63 проценти земјотресите да се случуваат на очекувани периоди. Може да бидат на почетокот, на средината или на крајот на периодот. Имаме податоци за сеизмичката активност постари и од 2.000 години врз база на кои се пресметуваат овие периоди – објаснува Чунихин.
Во валандовската серија земјотреси во 2009 година имало 1.500 земјотреси за еден месец.
Извор: Плусинфо.мк