Екипи од ИЗИИС ги проверуваат условите во скопските основни училишта
Институтот за земјотресно инженерство и сезмологија Скопје (ИЗИИС) по препорака на Управувачкиот комитет за справување со кризи денеска ги посетуваше училиштата и градинките во скопско за да ги увиди штетите и можните последици по серијата земјотреси од последните два дена, како и за паниката што се создава кај граѓаните.
Досега само за основното училиште „11 Октомври“ има забрана за користење на две училници.
– Во две училници увидоа дека по земјотресот постои опасност за изведување на настава, па ни ги забранија за употреба. Нè известија дека записникот ќе го пратат до Општина Центар, која ќе треба да ги реновира тие училници, изјави директорот Васко Лазаревски, кој најави дека поради просторниот проблем ќе мора да се направи реорганизација и учениците да одат во училиште во две смени.
Токму состојбата во училиштата и градинките ќе биде тема на вечерашниот состанок на Управувачкиот комитет.
Извор: Новатв.мк