Ад хок телото во нов обид да го донесе Деловникот
Објавено на 13 септември, 2016 во 07:36
Привременото тело за регулација на медиумите денеска треба да има нов состанок на кој ќе се обидат да го усвојат деловникот за работа.
Иако периодот за мониторирање на медиумите е веќе почнат и ад хок телото е комплетирано, тоа практично е блокирано и не може да работи.
Деловниот за работа е важен во системот на одлучување кога гласовите се изедначени или, пак, кога треба да се донесе одлука за казнување на медиумите.
Дилемите се дали ќе се одлучува со просто мнозинство или, пак, со најмалку три гласа „за“ во случај кога сите членови на телото не се присутни на состанокот.