Се смирува ли тлото под Скопје?
Објавено на 15 септември, 2016 во 07:15
Скопјани имаа мирна ноќ по серијата земјотреси кои го потресоа главниот град. Почвата во скопскиот регион се смирува по силниот земјотрес со јачина од 5,1 степени, кој предизвика паника кај населението.
Последниот најсилен земјотрес по оној во неделата во 15 часот и 10 минути, се случи во 1 часот и 32 минути со јачина од 3,2 степени.
Потресите предизвикаа вознемиреност кај населението, а лекарска помош по земјотресите досега побарале повеќе од 100 лица.
Скопјани имаа мирна ноќ. Да се надеваме дека земјотресите нема да се повторат.
Извор: ТВ 21