Утрово слаб земјотрес во Скопје
Објавено на 16 септември, 2016 во 07:39
Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 1.6, а со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, утрово во 04.55 часот беше почувствуван во Скопје и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, го регистрира земјотресот во источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Извор: Плусинфо.мк