Мртов маж најден во зградата на кумановскиот градоначалник
Објавено на 26 септември, 2016 во 08:38
Мртов маж е најден утрово во 7.30 минути во ходникот на зграда на Октомвриска револуција, во Куманово.
Неофицијално, како што пишува порталот Кумановски муабети, станарите велат дека мртвото тело било пред влезната врата на станот во кој живее градоначалникот на општина Куманово.
Од страна на полицијата зградата е затворена и е под силно полициско обезбедување .
Се чека Јавен Обвинител да направи увид на лице место. Станарите се исплашени и од страна на полицијата не е дозволен влез во зградата.
Извор: Плусинфо.мк