Временска прогноза
Објавено на 5 октомври, 2016 во 05:52
Времето денеска ќе биде сончево и свежо со умерена облачност, со повремен локален дожд, повеќе услови има во западните делови на земјава.
Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови. Температура до 17 степени.
Во петок ќе има ново наоблачување со врнежи од дожд.