Уште еден земјотрес ноќеска почувствуван во Македонија
Објавено на 10 октомври, 2016 во 07:36
Нов земјотрес од 2,4 степени по Рихтер е почуствуван синоќа во 23 часот во Македонија.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот бил на 58 километри источно од Скопје, на 2 километри длабочина. Епицентарот попрецизно е кај Карбинци, Штип на длабочина од 2 километри.
Нема информации и пријави за причинета материјална штета.