Временска прогноза
Објавено на 3 ноември, 2016 во 05:58
Денеска попладне ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон петок и во петок претпладне ќе има слаби локални врнежи од дожд.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а во југоисточните делови со услови за локален дожд. Од понеделник под влијание на серија влажни бранови ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и ќе дува засилен јужен ветер.