МВР: Случајот со Диме Спасов е чист како солза
Објавено на 3 ноември, 2016 во 07:38
Случајот во кој заменик министерот Диме Спасов предизвика сообраќајни несреќи и избега е чист како солза, велат од МВР.
Министерот Оливер Спасовски соопшти дека истрагата е завршена и најави дека денеска ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи против учесниците во инцидентот.
– Законот ќе важи подеднакво за сите, без разлика дали е министер или е обичен граѓанин на Република Македонија – рече Спасовски .
Извор: Локално