Продолжува денеска процесот „Диво насеље“
Објавено на 3 ноември, 2016 во 08:14
Денеска продолжува судскиот процес против обвинетата терористичка група на која и се суди за ланските немили настани во кумановската „Диво Насеље“.
На претходното рочиште, се разгледуваа транскриптите од телефонскиот разговори на обвинетиот Сулејман Османи со вработен во Агенцијата за разузнавање. Исто така на претходното рочиште, обвинетите и нивните адвокати побараа за сведоци да бидат повикани лидерот на ДУИ, Али Ахмети и шефот на кабинетот на Ахмети, Артан Груби, како и Садула Дурак, Земри Ќамили и Сашо Мијалков.