Временска прогноза
Објавено на 8 ноември, 2016 во 06:53
Времето денеска променливо облачно и ветровито а повеќе места со обилни врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме. Температура до 19 степени.
На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер (над 70 км/ч.). Во среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. Во четврток на планините на север и запад ќе има слаби врнежи од снег.