Вработените во „Утрински весник“ до петок треба да решат дали сами ќе си одат
Менаџментот на МПМ до петок им даде рок на вработените во „Утрински весник“ секој сам да одлучи дали сака да биде технолошки вишок. Ова денеска на вработените во овој весник им било соопштено, по средбата на главната и одговорна уредничка Соња Маџовска со директоратот на МПМ.
Новинарите од овој весник денеска во седиштето на Здружението на новинари на Македонија одржаа прес конференција на која истакнаа дека апсолутно се противат на првичниот план на менаџментот на МПМ бројот на вработени од 36, да се намали на 26, или пак да згасне весникот.
Во нивна одбрана застана и Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија. Претседателката на овој синдикат, Тамара Чаусидис истакна дека ултиматумот од страна на менаџментот е како однесувањето на нацистите во концентрационите логори.
Извор: Плусинфо.мк