Временска прогноза
Објавено на 10 ноември, 2016 во 07:02
Времето денеска променливо облачно со кратки сончеви периоди и со повремен локален дожд. Температура до 16 степени.
Во западните делови претежно облачно и врнежливо, на повисоките планини со повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови и засилен југозападен ветер.
Нови врнежи од дожд , а на повисоките планини од снег ќе има од петок попладне и сабота во текот на денот. Потоа следува променливо облачно време со пониски утрински температури.