Одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување на дел од вработените и хигиена која не е на задоволително ниво, се воочени по извршената инспекција во Клиничката болница во Штип.

Ова денеска го соопштија од Министерството за здравство од каде посочуваат дека врз основа на констатираното, донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничка болница во Штип, Александар Стојановски и за нов директор е именуван д-р Ален Ѓорѓиев.

Исто така, за нов директор на Центар за јавно здравје во Штип е именувана д-р Марија Димитрова, а разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово, Зоран Станковски, посочуваат од Министерството.

Поврзани вести

Најново