При извршениот претрес, кај поранешниот шеф на петтата управа во МВР, Горан Грујевски пронајден е нотес со евиденција – кој сведок во колку часот влегува во СЈО и од кој обвинител е испрашуван, изјави обвинителката Ленче Ристоска на денешното сослушување во Апелацискиот суд.

Компјутерот на Грујевски каде имало креирана папка со наслов „СЈО“ каде стоеле упатства како да се однесуваат лицата кои биле повикани да дадат исказ во Специјалното јавно обвинителство, бил одземен.

Ристоска рече дека тој им давал и насоки на сведоците и осомничените како да сведочат и како да ги лишат обвинетите од одредени информации.

Горан Грујевски е обвинет во случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Тој и денеска не се појави на сослушување во Апелацискиот суд.

Тој доставувал боледувања во кои пишува дека болесува од депресија и анксиозност, но, според СЈО, тоа не е изговор да не се појавува на распит.

Поврзани вести

Најново