Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Иницијативата „Тврдокорни“ денеска повика на сенароден протест пред вилата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со барање да му се одземе мандатот на премиерот Зоран Заев за, како што велат, непридржување кон дадените гаранции и работење против македонските национални и државни интереси за туѓи интереси и за уривање на државата.

„Со одземањето на мандатот ќе биде овозможено да се преземат сите неопходни мерки за заштита на уставниот поредок и на државата, од сите дејства со кои државата и македонскиот народ се ставаат под директна мирна окупација“, велат од инцијативата.

Протестот ќе почне во 17 часот, пред канцеларијата на Делегација на Европска Унија, од каде, како што велат од инцијативата, ќе се обратат до ЕУ и до НАТО и ќе испратат 12 протестни барања. Протестот ќе продолжи по улицата Мајка Тереза, сѐ до Вилата Водно, каде на претседателот Иванов ќе му биде предадено протестното барање.

 

Поврзани вести

 

Вчера и денеска во ЈКП Дервен се испита причината за краткиот прекин на испорака на вода на ЈЗУ Болница – Велес на ден 20.02.2018 година.

Утврдено е дека екипа на Сектор Водовод работела на замена на вентил на ул. Љубљанска, поради што морале да го затворат вентилот на линијата од која од оваа страна се снабдува со вода болницата.

Но, лицето кое го затворило вентилот заради активностите на ул. Љубљанска, со крајна небрежност истото го сторило без да провери дека вентилот од втората доводна линија од страната на Којник бил исто така затворен, а што морал да го стори пред да го затвори вентилот од првата доводна линија. На овој начин ги затворил двата вентила од двете доводни линии и предзвикал краток прекин на водоснабдувањето во болницата во времетраење од 10-15 минути, по што било интервенирано и воспоставено нормално водоснабдување.

Како резултат на горенаведеното, во ЈКП Дервен во тек е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на соодветно лице, кон кое ќе бидат преземени строги дисциплински мерки.

Значи, не станува збор за намерно исклучување на водата на болницата, или исклучување со дадена наредба, бидејќи за тоа нема причини.

Реакциите на јавноста се оправдани и очекувани. Сепак, коментарите на социјалните мрежи кои имаат намера да прикажат пред јавноста дека наведениот проблем е намерено предизвикан, смислен и сл. и дека некој сака свесно да предизвика проблем се неточни и злонамерни.

Со почит,
ЈКП Дервен

Најново