Документите за екстрадиција на Грујевски и Бошковски се испратени во Грција, процесот не може да запре
Македонското министерство за правда ги испрати документите за екстрадицијата на Горан Грујевски и Никола Бошковски, потврдија од министерството за ТВ 24.
Оттаму нема одговор кога може да се очекува депортација на двајцата екс – агенти. Грујевски и Бошковски се наоѓаат во екстрадициски притвор. Таму им се суди за лажни документи.
Рочиштето е закажано за први декември. И додека се чека екстрадицијата, во советот за утврдување на факти 11 судии се повикани околу пријавите дека овозможиле бегство.
Грујевски и Бошкоски се обвинети од Специјалното јавно обвинителство за нелегално прислушување и за уништување на системите за прислушување, случаи познати како „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.
Македонските власти по нив имаа распишано меѓународни потерници, а тие се уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.