Русија сурово ќе реагира на членството на Македонија во НАТО
Република Македонија нема алтернатива за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО. Очекуваме жестока реакција од Русија кога нашата земја ќе биде прифатена во Северно-атлантскиот пакт и ние сме подготвени за тоа.
Според Заев, реакцијата на Москва по приемот на Република Македонија во НАТО ќе биде иста како онаа по пристапот на Црна Гора во Северноатлантскиот договор. “Ние сакаме да продадеме повеќе домати, зелка и други земјоделски производи на рускиот пазар … но нашиот избор е ЕУ и НАТО и нема алтернатива”, рече македонскиот премиер за македонскиот премиер Зоран Заев за црногорското радио Антена М, и додаде дека властите во Скопје се подготвени да ја постигнат оваа цел, бидејќи тоа е единствената опција.
“Знам дека имаше обиди за моја елиминација и многу добро е што се реагираше навреме. Некои набљудувачи велат – сега ти си на ред. Ако нешто треба да се случи, нека се случи. Прифатив да бидам премиер. Мојата земја има потреба од лидер. Спремен сум да дадам решенија кои се очекуваат од нашите граѓани, по секоја цена. Нека биде тоа што треба да се случува “, нагласува Заев и изразува уверување дека Македонија ќе биде 30-тиот член на НАТО.
Локално.мк потсетува дека за време на парламентарните избори од октомври минатата година во Црна Гора имаше обид за физичко ликвидирање на Мило Ѓукановиќ и обид за државен удар. Русите и српските граѓани учествуваа во нападот. Дел од обвинетите успеаја да ја напуштат земјата, додека други беа изведени пред суд во Подгорица.
Зоран Заев стана премиер на 1 јуни оваа година, по двегодишна сериозна политичка криза и по обид за негова ликвидација на познатите настани на крвавиот четврток во македонскиот парламент.
Очекувано синоќа првата руска порака беше испратена преку руски Спутник, каде во радио програма српскиот разобличен провокататор-новинар Мирослав Лазански во емисија заедно со аналитичарот Ристо Никовски со погрди зборови го исмеваа премиеорт Зоран Заев и ја величаа веќе падната и поразена политика на Никола Груевски, преку кој пораз беше блокиран и рускиот влез во Македонија .
Извор: Локално.мк