Сеад Кочан дојде на судењето за „Труст“
Објавено на 14 ноември, 2017 во 11:01
На судско рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст” се појави и првообвинетиот, бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на компаниите „Трансмет” и „ТВ Нова”.
Претходното рочиште на 7 ноември беше одложено по забелешката на одбраната на Кочан дека обвинетите примиле само обвиненија, но не и листата на докази што ги предлага СЈО.
Обвинителот на СЈО Гаврило Бубевски тогаш изјави дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата судот е должен на одбраната да ги предаде листите со докази покрај обвиненијата.