Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Инсулинот минатиот месец не беше навреме доставен заради пречки во тарнспортот, вели заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски, на денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетесот 14 ноември.
Минатиот месец дијабетичарите од Битола, Охрид и другите поголеми градови се жалеа дека до средината на месецот во инсулинските аптеки нема инсулин и преку фејсбук си помагаа еден на друг, односно тој што има вишок пенкало го дели со оние кои воопшто немаат терапија, пишува СДК. Размена на инсулини меѓу дијабетичарите преку фејсбук се практикува наназад четри до пет години, во случаи кога доцни доставата или кога доцнеа набавките. Болните од дијабетес обвинија и дека се сомневаат во квалитетот на инсулините кои ги добиваат, бидејќи како што велат неколку дена по отворање на пенкалото, инсулинот што го примаат не им делува, односно не можат да ја регулираат гликемијата.

Заменик министерот Чакаровски пак тврди дека тоа се дезинформации и дека дијабетичарите добиваат квалитетен инсулин.

„Сега примаат квалитетен. Но, работата е во тоа што има и во јавноста и кај новинарите и кај сите некоја дезинформација, а тоа е така затоа што немаме релевантни показатели за квалитетот на инсулинот. Ќе ни дозволите во наредниот период да ги доставиме релевантните показатели од лаборатории. Тоа не значи дека немало проблем, не значи дека не се протнувале и неквалитетни инсулини, но во иднина се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Чакаровски.

Тој кажа дека ќе се заложи во име на Министерство за здравство, но и во лично име, недоразбирањата дека дијабетичарите користат неквалитетни инсулини да се надминат.

„Ќе се потрудиме во иднина редовно да добиваат квалитетен инсулин. Денес сум тука да го потврдам тоа“, рече Чакаровски.

Бојан Киров, претседател на Сојузот на здруженија на дијабетичари на Македонија, рече дека се надева дека проблемите со недостаток на инсулин и сомневањата околу неговиот квалитет ќе се надминат, бидејќи оставриле комуникација со надлежните органи со кои ги определиле правците за подобрување на состојбата.

„Во моментов во Македонија околу 190.00 луѓе се дијагностицирани со дијабетес. Од нив 40.000 се на инсулин, останатите 150.000 се на таблетарна терапија. Околу 5.000 се со дијабетес Тип1. За жал бројот на пациент расте секоја година, и тоа многу повеќе со дијабетес Тип2. Секој месец дијабетес се дијагностицира кај едно до две деца“, рече Киров.

Дијабетес Тип1 се добива генетски и овие пациенти цел живот се зависни од инсулин. Дијабет Тип2 се добива како резултат на лоши животни навики и храна богата со шеќери. Според ендокринолозите и според пациентите дијабет Тип2 може да се превенира токму со подигање на јавната свест за воведување здрави животни навики.

Извор: СДК

 

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново