Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Словенија внимателно ја следи и ја одобрува добрососедската и регионалната политика на Република Македонија како еден од условите за членството во ЕУ и НАТО и останува нејзин силен поддржувач во овие процеси, рече претседателот на Република Словенија Борут Пахор на денешната средба со премиерот Зоран Заев.

Како што информира македонската владина прес-служба, Пахор искрено се надева дека многу брзо Македонија ќе биде следната членка на НАТО и дека со ЕУ наскоро ќе биде постигнат договор за старт на пристапните преговори. Премиерот Заев истакна дека владината коалиција во Република Македонија по локалните избори, чии резултати ја потврдија поддршката за актуелните политики, сега има обврска коку што е можно побргу и посолидно да ги продолжи почнатите реформски процеси. – Настојуваме пред нашиот Парламент да настапиме со издржани и важни реформски закони во многу области за кои очекуваме и ќе стимулираме широка поддршка од политичките сили внатре во парламентот. Наша определба е и да ја зајакнеме улогата на парламентот после политичката криза и да ја вратиме довербата во институциите, нагласи Заев.

И во однос на евроатлантските аспирации информира дека се работи и се подготвуваат услови за политички консензус.

Заев на средбата му честиташе на Пахор за реизборот и му пренесе честитки од името на македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Претседателот на Владата имаше средба и со претседателот на словенечкиот Државен збор Милан Брглез. Го информира за најважните актуелни процеси во Република Македонија и нагласи дека охрабрувањата што нашата земја ги доби за време на оваа посета, се знак дека е избран вистинскиот пат и начин за решавање на суштинските прашања од интерес на граѓаните на Република Македонија

Претседателот на Државниот збор истакна дека неговата земја е секогаш подготвена на соработка и на проширување на односите и ја понуди целосната помош и поддршка во евроатлантските аспирации на нашата земја, особено во процесот на парламентарната соработка на земјите од југоисточна Европа. Во разговорот, Заев ги пренесе поздравите од претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери и подготвеноста на македонскиот Парламент да ја продолжи соработката со Државниот збор на Словенија. Со двете средби Заев беше придружуван од заменикот претседателот на владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за економија Крешник Бектеши, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ључо Николовски, министерот без ресор задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, и државниот секретар во Министерството за надворешни работи Виктор Димовски.

Со средбите со претседателот на Словенија Борут Пахор и со претседателот на словенечкиот Државен збор, заврши дводневната официјална посета на владината делегација на Република Македонија предводена од премиерот Заев

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново

 
   
   
   
   

rontis

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 30/11/2018 година .

 

rontis

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик, Возачка дозвола „В“ - категорија

  и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност

  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  infomk@rontis.com  или на адреса:                              ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 30/11/2018 година.

 

rontis

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

 Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија – Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/11/2018 година.