Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија на денешниот брифинг во Владата, ги информираше новинарите дека согласно одлуката на Владата и согласно Законот за филмска дејност, оваа институција со која што тој раководи поведе постапки пред сите надлежни институции поради очигледните прекршувања на потпишаниот договор од страна на видео продукцијата „Јадран филм“ за реализација на играна серија „Македонија“, договор кој тежи 4.6 милиони евра.

Како што потенцираше директорот Тозија целта е со преземените чекори оваа државна институција да ги заштити парите на граѓаните и да ги врати во буџетот на Република Македонија.

„Иако сите рокови од договорот се поминати, до ден денеска Агенцијата за филм нема добиено од продукцијата ниту серија, ниту документи, нема ниту никакви известувања каде уплатените пари за првата серија во висина од 80 %, односно 68 милиони денари се потрошени. Договорот за серијата изнесува 4 милиони и 602 илјади евра. Првата серија е финансирана со една уплата, што е невообичаено и нестандардно за филмска индустрија и телевизиски серии со 80%. После нашата преписка со продуцентот, престаната е комуникацијата, нема никакви одговори и Владата на Република Македонија донесе одлука да се раскине договорот и да се бара поврат на средствата“, изјави директорот Тозија.

Во тек е судска постапка за утврдување на одговорноста поврзана со проектот за кој на „Јадран филм“ му биле префрлени 1,1 милион евра пари од поранешната влада.

Поврзани вести

 

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет има потреба да вработи:

Mагационер
Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство
  • Возачка дозвола „В“ - категорија
  • Познавање на англиски јазик и поседување на сертификат за управување со виљушкар ќе се смета за предност
  • Вработувањето е на определено време, со можност за трансформација на неопределено време.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес с. Долно Оризари бб, Велес 1400 задолжително со назнака за Магационер, најдоцна до 15/11/2017 година.

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

10 (десет) Оператори во производство 

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 15/11/2017 година.

Најново