Новиот Генерален Секретар на ОБСЕ утре во Скопје
Објавено на 16 ноември, 2017 во 10:56
Новиот генерален секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, утре доаѓа во прва посета на Република Македонија, соопшти македонското МНР.
Гремингер ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, а ќе се разговара за новата општествена клима во земјава, за соработката со ОБСЕ и за поддршката што ја дава во процесот на европската и евро-атлантска интеграција на Македонија.
Посетата на Гремингер се совпаѓа со 25-та годишнина од воспоставувањето на Мисијата на ОБСЕ во Скопје