Груевски: Прашајте го Лазаров зошто се изјасни за виновен, јас сум невин“
Денеска пред судот за случајот „Насилство во Центар“ се појави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој кажа дека денеска пред судот имал можност да се произнесе како невин за овој случај.
Денеска пред судот имав можност да се произнесам дека сум невин за случајот во општина Центар.
-Добро е што судскиот процес против мене конечно почна и се движиме во добра насока, изјави денеска Никола Груевски.
Прашан како го коментира признанието на вина на неговиот сопартиец Томислав Лазаров кој директно ги извршувал наредбите за насилствата пред општина Центар рече дека не сака да коментира.
– Секој може да си се произнесе како се чувствува така и тој. Него прашајте го. Јас кажав дека не се чувствувам виновен – рече Груевски.
Михаилова ја раздвои постапката за Лазаров и за останатите. Постапката за Лазаров кој призна вина продолжува, а за останатите следното рочиште е закажано за 29 ноември.
Груевски кажа дека судскиот процес против него конечно почна, но тоа не се случило со судењето против премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“.
-Веќе две години никако да почне судењето за овој случај. Денеска пак е одложено. Постапката во овој случај се одолжува, рече Груевски.