Само во Скопје, доставени 217 барања за надоместување за греење на пелети
Објавено на 20 ноември, 2017 во 18:45
До денеска до 14 часот во архивата на Град Скопје се доставени 217 барања за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Скопје за купување печки на пелети.
Комисијата веќе ги разгледува пристигнатите барања и почна да врши увид на инсталираните печки кај барателите коишто ги исполниле условите наведени во објавениот Јавен повик.