Внимателно возете има магла на дел од патиштата во државата
Објавено на 24 ноември, 2017 во 08:03
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патните правци Македонски Брод – Прилеп и Неготино – Демир Капија, соопшти изутринава Дисперечскиот систем на ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот се одвива тековно по местимично влажни коловози на повисоките и суви коловози на пониските места.