Министрите со минибус до Струмица
Објавено на 24 ноември, 2017 во 08:18
Десетина министри од владите на Македонија и на Бугарија утринава со мини-бус отпатуваа до Струмица на заедничката владина седница која ја водеа премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев.
Фотографија од возењето ја објави министерката за одбрана Радмила Шекеринска на својот фејсбук профил.
Во возилото се министерот Дамјан Манчевски како слика со телефонот, како и Љупчо Николовски, Горан Сугарески, вицепремиерот Кочо Анѓушев, членови на Владата на Бугарија и нивната министерката за надворешни работи Екатерина Захариева.
„Добрососедство. МКБГ во Струмица“, напиша Шекеринска во краткиот коментар до фотографијата.