Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ќе им се судиСоветот за оценка за обвинителен акт при Основниот суд Скопје 1 го прифатил обвинението на СЈО за предметот „Титаник 2“ во врска со изборни нерегуларности. Ќе им се суди на политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, но овој предмет ја опфаќа и ДПА, поточно нејзиниот претседател Мендух Тачи и поранешниот член на Државната изборна комисија, Бедредин Ибраими, информира Фокус.

Сепак Советот не го прифатил предлогот за злоупотреба на службената положба да одговараат и петте судии од Управниот суд. Претходно судскиот совет им го одзеде имунитетот на управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула, кој ги штитеше од кривична одговорност.

Меѓу обвинетите функционери се поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, членот на ДИК предложен од ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Срцев, поранешните членови на ДИК, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Предметот „Титаник 2“ се однесува на местење на резултати од локалните избори во 2013 година. Според бомбите што ги објави опозицијата Мијалков и Тачи се договарале за гласање во однос на поднесени приговори до ДИК. Прислушуваните разговори ќе бидат употребени како докази во постапката со одлука на Апелациониот суд.

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.