Жерновски треба да сведочи за „шамарите во Центар“
Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за предметот на СЈО познат како „шамарите во Центар“, а се очекува денеска во судница да сведочи поранешниот градоначалник, Андреј Жерновски, и уште една оштетена за време на насилните протести летото 2013 година.
Со обвинението на СЈО опфатени се вкупно 14 лица, првообвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а веднаш зад него е екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и поранешната советничка во Центар, а актуелна пратеничка Даниела Рангелова.
На минатите рочишта, двајцата обвинети Томислав Лазаров и Јордан Ристевски, тогашни советници од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, ја признаа вината и двајцата добија условни казни, шест месеци затвор ако во наредните две години не сторат ново кривично дело.