Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На 1 јануари, во Македонија стапи на сила новата Уредба на Владата за условите за летање на воздухоплов без екипаж, која, меѓу другото, предвидува секој што сака да лета дрон, ќе мора да полага и да има дозвола за тоа, пишува СДК.

Оваа Уредба наиде на критики кај поискусните летачи на дронови, кои посочуваат дека со неа се бара нешто за што Македонија во моментов нема услови, како инструктори и полигон за полагање.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека ова ќе се регулира според принципот на автошколи, но засега не е познато кога ќе почнат да се издаваат првите дозволи.

„Вистина е дека Македонија во моментов нема школски центри за летање дронови, но тие ќе се отворат во скоро време. За летање дрон ќе се полага според принципот на автошколи. Секој што е заинтересиран и исполнува одредени услови ќе добие овластување од Агенцијата за цивилно воздухопловство да отвори школски центар за авијација. Исто така, Агенцијата ќе дава овластувања и за инструктори кои ќе ги спроведуваат обуката и полагањата, а потоа останува на тие приватни школи сами да ги утврдат цените“, велат надлежните од Агенцијата за цивилно воздухопловство, негирајќи дека ќе се позајмува кадар од соседните земји.

Со новата Уредба, дозвола ќе мора да се има и за комерцијални летови на дрон и за спортски активности и рекреација. Планираните активности ќе мора да се најават во Агенцијата минимум 24 часа порано, дрон ќе може да се лета само дење и со него нема да смеат да управуваат малолетни лица.

„Во Македонија никој нема официјална дозвола за летање дрон, никој нема положено и големо искуство, па како тогаш ќе може да држи обука и да спроведува тестови и полагање. Во Македонија нема никаква евиденција колку и какви дронови има, нема статистика, стручен кадар и едукација, а се воведува закон. Со оваа уредба сите дронови ќе мора да се пријават и регистрираат во Агенцијата за цивилно воздухопловство, дури и оние што се купени во продавница за 1.200 денари и потоа ќе смеат да се летаат само на Стенковец“, велат од Аерофото.мк.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

30 (триесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес не врши дискриминација по ниту еден основ (полова, верска или национална дискриминација) и ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com  или на адреса:

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 10/02/2019 година.