Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Kако лего-коцки се редат стравувањата дека Македонија е на добар пат да го изгуби својот идентитет, што заради Договорот со Бугарија, што заради евентуален компромис за името со Грција, а на крајот – и да го загрози статусот на македонскиот јазик со Зaконот за употреба на јазиците, кој според критичарите, фаворизира само еден од малцинските јазици во земјава – албанскиот.

Реални или ирационални стравови? Правни, политички или политикантски дилеми?

Нема да потсетувам дека никој од нас не стана „Југословен“, затоа што повеќе од една деценија на земјава и е наметната грдата привремена референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Ниту името Македонија не згасна во комуникацијата со земјите што не признаа под уставното име. Дури и да биде постигнато решение кое со географска одредница ќе ја прави разликата меѓу нашата држава и северниот регион на јужниот сосед, тоа никако не може да го загрози нашиот идентитет. Само уште посилно ќе го потенцира потегот изнуден од специфичните регионални и интеграциски контексти, кои на тест ја ставаат нашата демократска и добрососдеска зрелост. Нашиот идентитет е армиран и не зависи од решенија кои служат за гаснење туѓи стравови од наш, наводен, иредентизам.

И како да е малку тоа ирационално искушение, на сцената имаме нов проблем. Идентично на стравот од наш иредентизам кој на билатерален план го рефлектира Грција (а кој беше оспорен со пресуда од Меѓународниот суд на правдата), сега вo Македонија оживува таков страв на внатрешен план – во однос на проширената употреба на албанскиот јазик.

Koлумната на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

Поврзани вести

 

Најново