Од синоќа снег на Стража
Објавено на 18 јануари, 2018 во 08:22
Поради врнежи од снег, синоќа од 21,45 часот на планинскиот премин Стража и на патот кон Маврово се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила.
Според прогнозата, во вечерните и ноќните часови дуваше засилен северен ветер и врнежите преминуваат во снег и на некои повисоки места, а во северозападните подрачја има услови и во пониските делови.
На планините претежно на запад има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 30см, а има и појава на снежни наноси. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16 степени.