Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Преговорите за решевање на спорот за името меѓу Македонија и Грција не треба да бидат на сметка на Бугарија, изјави денеска поранешниот бугарски претседател Георги Прванов, во емисијата „Ова утро“ на „БТВ“.
Според Парванов, фактот што дијалогот за името меѓу Грција и Македонија е деблокиран е позитивен, но, додава, оти е загрижен бидејќи „почнуваат да се водат разговори во насока на неколку решенија, од кои некои спротивни на бугарската позиција“.

– Да, ние ја признаваме Македонија под уставното име, пред се, но замислете ги варијантите како Горна Македонија или Северна Македонија, тоа се решенија кои се во корист на Грција, но на сметка на Бугарија – вели Парванов.

Поранешниот бугарски претседател (од 2002 до 2012 година) смета дека не е сеедно за Софија и за нејзината дипломатија како ќе завршат преговорите, додавајќи дека во еден момент треба да постои и некаква усогласеност и со Бугарија

– Името Северна или Горна Макеоднија го вклучува и регионот на Пирин, Егејскиот регион не нè засега и не го коментираме, а истовремено претензиите кон Бугарија лебдат во просторот. Најмалку тоа мора да се дискутира меѓу владите на двете земји – вели Парванов.

Според него, деблокирањето на преговорите меѓу Атина и Скопје е поради притисок од Западот, најверојатно од преку океанот, алудирајќи на Соединетите Американски Држави./

Извор: Мета

Поврзани вести

Web banner Hit Portal Sinalco IceTea 2018 300x250px 01

Најново

 
   
   
   
   

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

Локација : Република Македонија - Велес
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на infomk@rontis.com или на адреса: ДПТ РОНТИС ДООЕЛ с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 25/09/2018 година.