Димитров и Захариева го потпишаа Протоколот со што стапува на сила Договорот со Бугарија
Објавено на 14 февруари, 2018 во 18:46
Министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, Никола Димитров и Екатерина Захариева денеска во Софија го потпишаа Протоколот за размена на ратификациските документи.
Со ова официјално стапи вo сила Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Договорот за добрососедство го потпишаа премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бојко Борисов на први август минатата година.