Сончево со слаб северен ветер, температура до 11 степени
Најстудено утрово е во Крушево каде што се измерени -7 степени, а најтопло е во Гевгелија каде минималната температура е 4 степени. Во Берово, Пожаране и Крива Паланка измерени се -7 степени, во Ѓуриште и Претор -4, во Петровац кај Скопје, Охрид, Дебар и Тополчани -3, во Прилеп и Скопје -2 и во Виница, Штип, Тетово и Битола -1. Во Струмица се измерени 0 степени, а во Демир Капија 2 степена.
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер.
Утрото студено со ниски утрински температури.
Утринската температура ќе се движи од минус три до минус 10 степени, а дневната температура од нула до 11 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус пет, а дневната температура ќе достигне до осум степени.
За викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота. Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.