Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Во организација на Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) денеска напладне пред Владата на Република ќе се одржи протест на новинарите.

Како што се наведува во соопштението од ССНМ, од Владата ќе биде побарано на дело да покаже дека се залага за функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога во прашање е слободата на говор и физичкиот интегритет на новинарите.

Повод за протестот, како што стои, се заканите упатени кон претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, од страна на висок партиски функционер на коалицискиот партнер во Владата ДУИ, Бекир Асани.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново