Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

На протестот на новинарите или „копилињата“ денеска пред владата, претседателот на Здружението на новинарите Насер Селмани порача дека не им се плаши на оние кои му се закануваат, дека „еден режим испративме, а нема да дозволиме воспоставување друг“.

На протестот можеа да се забележат транспаренти на кои пишува „И јас сум копиле“, со што се алудира на иницијалната каписла за овој протест, односно тоа што Бекир Асани го нарече Селмани копиле.

„И порачуваме на владата на која што плаќаме даноци дека не прифаќаме да има добри и лоши момци таму. Ако не ги замолчат насилниците, ќе станат дел од таа група. Сакам да ве повикам да бидеме будни. Еден режим испративме, нема да дозволиме да се воспостави нов“, рече Селмани.

Тамара Чаусидис, претседателка на Синдикатот на новинари бара од Основното јавно обвинителство да постапуваат по службена должност.

„Она што му се случува на Селмани се однесува на сите нас. Од институциите да си ја вршат работата. Ни требаат дела, а не соопштенија за солидарност.

Кај новинарите од Владата се симна министерот без ресор Роберт Поповски, кој е задолжен за односи со јавност, и порача дека остро ги осудуваат сите закани, притисок и насилства врз новинарите. Тој замоли за сите случаи на притисок врз новинарите да бидат известени, за на време да се преземат мерки.

На новинарско прашање дали смета дека има независно новинарство, тој рече дека има разлика од времето на претходната власт, но дека треба да помине време за да се почувствува, не прецизирајчи колку време.

Селмани му порача дека „кучињата треба да бидат врзани, оти ако почнаат да касаат, веќе е доцна“.

Поврзани вести

Web banner Duma Sinalco Nagradna Igra 300x250px

 

Најново