“Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода” ,дводневна работилница на ЦЕД „Флорозон“ и Организација на потрошувачи
Од 30 март до 1 април 2018 година во хотелот Порта во Скопје се одржува дводневна работилница на тема: “Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации и нивните капацитети во областа на водата и водните ресурси, водните политики и реформи на законската регулатива која ги третира водните политики“.
На работилницата учествуваат 32 претставници од невладиниот сектор од сите 8 плански региони во Република Македонија. Предавач на темата е проф.д-р Билјана Пулеска од универзитетот ФОН.
Работилницата е дел од проектот: “Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода” – имплементиран од Центарот за Eколошка Демократија ФЛОРОЗОН во партнерство со Организацијата на потрошувачи на Македонија.
Проектот е финанскиски поддржан од Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) во рамките на Министерството за Финансии на Република Македонија како дел од програмата за: “Зајакнета вклученост на граѓанското општество во реформите на патот кон ЕУ интеграциите”.