Свлечишта на два патни правци во државата
Објавено на 4 април, 2018 во 08:05
На патниот правец Крива Паланка – село Огут поради свлечиште сообраќајот е во прекин. Екипите на ЈП Македонијапат се на лице место и работат на расчистување на свлечиштето и нормализација на сообраќајот.
На патниот правец Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај местото викано Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.